Ракомет
13. December 2017 - 9:32

Очекувано Штербик прогласен за најдобар ракометар во светот

 
Сосема очекувано чуварот на мрежата на европскиот првар Вардар, Штербик е избран за најдобар ракометар во светот, во изборот кој го направи ракометниот сајт, „Handball Planet“.
 
Искусниот 37-годишен чувар на мрежата на Вардар го предводеше тимот до историската прва титула, европски првак. Вардар, на Ф4 турнирот во Келн
 
Во гласањето беа вклучени 30 новинари од 27 земји, а гласаа и повеќе од 100.000 посетители на сајтот.