Македонија
5. May 2017 - 19:44

Oчекувања за успешна туристичка сезона

Политичката криза нема да влијае врз туризмот. Министерот за економија очекува брза разрешница на кризата и успешна сезона, со зголемен број на туристи. Влезот на нискобуџетните авиокомпании, директните врски со 37 те европски дестинации, субвенциите за тур операторите, ќе придонесат  годинава  да има посети и од  подалечните дестинации. До сега најзастепени беа гостите од соседството – Србија и Бугарија.

Неделавата слета  и првиот авион со 180  холандски туристи,  а до крајот на сезоната дури 30 илјади холанѓани треба да ја посетат Македонија.  Надлежните  очекуваат бројот на туристи   да биде поголем за  20%  во однос на лани

Минатата година земјава ја посетиле милион и 700 илјади гости. Во јануари и февруари 80 илјади, од кои повеќе од половината биле странци.