Ракомет
19. March 2017 - 10:07

Очекувани победи на ракометарите на Охрид и Пелистер

 Двете водечки екипи во Првата машка ракометна лига на Македонија, Охрид и Пелистер забележаа очекувани победи. 
 
Лидерот на табелата Охрид пред својата публика го совлада Пролет со 34-22, додека битолски Пелистер славеше на гостувањето во Автокоманда против Металург-2 и тоа со 35-24. 
 
Во третиот меч од ова 17-то претпоследно коло во прволигашката конкуренција, ГРК Борец – Прилеп 41-39.
 
Денеска ќе се игра натпреварот меѓу Работнички – Радовиш, а колото ќе биде комплетирано во понеделник со средбата меѓу Вардар Јуниор и Еурофарм Работник. 
 
Табела: Охрид 40 бодови, Пелистер 40, Еурофарм Работник 34, Борец 29, Прилеп 23, Радовиш 22, Пролет 22, Металург-2  18, Вардар Јуниор 14 и Работнички 0.