Фудбал
9. October 2017 - 22:53

Очекуван триумф на Македонија над Лихтенштај (4-0)

Со победа од 4-0 над Лихтенштај фудбалската репрезентација на Македонија ги заврши квалификациите за СП 2018 година. Во Струмица нашите фудбалери го надиграа ривалот, а стрелци на головите беа: Муслиу (36.минута), Трајковски (38),Барди (67) и Адеми (69). 

За нашата репрезентација по повеќе од три години ова беше домашен троумф, а воедно прекината серијата од осум дуели без радост пред своите навивачи.

На другите два дуела од групата Израел - Шпанија 0:1 и Албанија - Италија 0:1.
Табела: Шпанија 28 бодови, Италија 23, Албанија 13, Израел 12, Македонија 11, Лихтенштајн 0.
 
Шпанија избори пласман на СП во Русија, а Италија ќе игра во баражот.