Балкан
30. March 2017 - 17:32

Очајна мајката на Бојана (17): Ќе те погребеме како кралица, убавице наша!

„Ја нема повеќе мојата Бокица! Како твојата мајка сега ќе живее без тебе!? Ти подготвував фустан за матура, а сега те погребам во бела венчаница. Ќе те погребеме како кралица, убавице наша!, лелекаше на сет глас Сања Карановиќ (50), мајка на средношколката Бојана Карановиќ (17) од Гроцка, која завчера им подлегна на повредите здобиени во сообраќајна несреќа која ја предизвика нејзиното момче Стефан Стефановиќ (20), син на полицаец од тоа место.
 
-Мислев дека мајка ќе те омажи и внуци ќе дочека. Што ќе правам сега без твојата насмевка, тажи мајката на настраданата тинејџерка.
 
Бојана настрада во неделата навечер, во 23.45 часот на Смедеревскио пат, кога на автомобилот „дачија соленц“ со кој управувал Стефан, најверојатно му пукнала гума, па нагло завртел во спротивната насок. Стефан се обидела за закочи, но при големата брзина, удрил во бандера која ја откорнал.

На Стефан му е повреден рбетот

Стефан е тешко повреден и има повреди на рбетните пршлени. Се наоѓа на ортопедија на Бањица и очекува операција. Кај него се неговите родители, таткото Бато и мајката Маја.

Братот Александар раскажува за ужасната трагедија: 

-Таа вечер Бојана била на гости кај него и ја возел кон дома. Му пукнала гума во возењето и изгубил контрола, удрил во бандера, и носејќи ја бандерата на хауба, буквално возел по работ на каналот, а после го закачил мовчето и по 15 метри слетал во длабокиот канал. Со предниот дел од возилото удрил во каналот а од силината на ударот, низ шовершајбната излетале и Бојана и Стефан. Бојана излетала неколку метри подолу, а Стефан завршил под автомобилот, раскажува Александар.

На помош дошле станарите од блиските куќи кои и укажале помош на Бојана и викнале итна помош. За тоа време Стефан сам излегол од каналот и почнал да ја довикува Бојана.

-Најдете ја мојата Бојана, а потоа ја вклучи лампата од мобилниот и почна да ја бара по каналот. Ни рече дека дошло до несреќата зошто му пукнала гума. Кога ја виде Бојана како неподвижно лежи, почна хистерично да вика, а потоа падна, вели очевидец на страотната несреќа.

Bojana Karanović

 

Во станот на семејството Карановиќ, била мајката на Бојана заедно со постариот брат Јован (19). Таткото Лазар (49) бил бо Белград да го подготви погребот. Помладиот брат на Бојана (12) бил со другарите на тениските терени пред зграда.

Беше тоа голема љубов

Нивните пријатели раскажуваат:

-Секогаш беа заедно. Беше тоа голема љубов. Не можеме да веруваме дека се случи ова, велат тие.

-Ми загина пред матура. Завршуваше фризерско училиште и требаше да оди на натпревар за фризери. Со Стефан таа вечер отиде до пумпа да наточат гориво, а потоа ни јавија дека ова се случило. Потоа мојот сопруг го извести таткото на Стефан.

Братот на Бојана, Јован вели дека семејството на Стефан им изразило сочуство преку телефон и дека и тие се во голем шок. „Беа во врск околу 3 години, а Стефан и говореше на Бојана - Ќе бидеш моја или ничија, вели мајката Сања.

Погребот на девојката е денеска.

Stefan Stefanović