Македонија
3. May 2016 - 16:15

Обвинителството бара од СЈО, МВР и судот да ги дадат сите информации за Коста Крпач

Специјалното јавно обвинителство, МВР и Судот да ги дадат сите информации во врска со Коста Крпач и предметите во кои се јавувал како осомничен или сведок. ВАкво барање денеска испратило скопското Јавно обвинителство.

По 6 дена од неговата смрт, од обвинителството за Сител велат дека ги истражуваат сите околности и дека за расветлување на настанот и им се потребни податоците од сите надлежни институции.

Медиумите по неговата смрт обелоденија дека бил под силен притисок од Специјалното јавно обвинителство. Бил сослушуван и следен аво неговиот дом биле вршѓени и претреси. За ова потврда стаса и од Скопскиот Кривичен Суд. КАтица ЈАнева пак излезе со тврдење дека тој бил сведок со кој имале извонредна соработка.

Сепак до денеска нема оидговор од Специјалното обвинителство- зошто ако Крпач бил сведок кој сам се пријавил да сведочи во неговиот дом се вршеле претреси?

Денеска Сител побара и одговор зошто по примерот на Крпач, Јанева од од судот не побарала претрес  и кај Зоран Заев кој беше обвинет, а не само сведок, во случајот Пуч?

Од СЈО кај обвинетиот Заев не ги побарале и оние 500.000 телефонски снимки кои недостасуваат кај нив а Заев трврди дека ги имал. Јанева не ни одговара и на прашањето дали во периодот кој следува ќе побара претрес?

Случајот со притисок над Коста Крпач не е прв пат Обвинителите на Јанева да бидат осомничени за притисок и закани кон сведоци. Претходно се водеше случај против тројца обвинители од СЈО кои се заканувале и пробувале да поткупат сведоци.

Од Јавното обвинителство за Сител велат дека кога биле повикани, обвинителите на Јанева не се појавиле да дадат исказ, а подоцна беа аболирани од претседателот Иванов, така што обвинителството сега не може да ги повика на распит.