Обвинителство врши увид на местото каде се ранети малолетниците во Струмица
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство - Струмица и денеска продолжува со увидот на колски пат, во близина на Градската капела кај Струмица, каде синоќа полицаец со истрел од службено оружје повредил двајца малолетници.
Според првичните информации, како што е наведено во соопштението од Обвинителството, до инцидентот дошло кога екипи од СВР Струмица се обиделе да го сопрат возилото во кое биле двајцата малолетници, а за кои претходно било пријавено дека се обиделе да извршат кражба на чамец во близина на браната Мантово.
- Малолетниците на два пати ја избегнале полициската патрола и не застанале, а потоа биле пресретнати од друго полициско возило на споредниот пат кај Градската капела. И натаму се работи на расветлување на начинот на кој дошло до пукањето од службениот полициски пиштол, при што биле повредени и двајцата малолетници, се наведува во соопштението.
Од Обвинителството информираат дека едното малолетно лице со посериозни повреди и прострелна рана во градниот кош уште синоќа било префрлено на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Скопје, додека над вториот малолетник е извршен оперативен зафат во болницата во Струмица и тој е во добра општа состојба.
По наредба на надлежниот јавен обвинител, а заради обезбедување на непристрасност во постапката, во увидот се вклучени екипи од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи од Скопје. Притоа се издадени наредби за анализа на биолошки траги, балистичко вештачење, како и вештачење на папиларните линии подигнати на местото на настанот. Од сите инволвирани земени се примероци од крв и урина и парафински ракавици. Полицаецот од чие оружје било пукано е задржан во Полициската станица Струмица. Во текот на денот, во Основното јавно обвинителство – Струмица на записник ќе бидат сослушани сведоци на настанот.
Постапката за целосно расветлување на настанот продолжува, додаваат од Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-
ДИК: Oд обработени 63,59% oд гласовите Силјановска Давкова 214.560, Пендаровски 105.593
-
ДИК: Oд обработени 59.59% oд гласовите Силјановска Давкова 197.741 - Пендаровски 97.592
-
Двојна предност на Силјановска пред Пендаровски од 50,3% обработени гласа
-
ДИК: 46,36% oбработени
-
ВМРО-ДПМНЕ: Обработени 13,44% од гласовите - Силјановска Давкова 109.692, Пендаровски 48.553
-
Тошковски и Бојмацалиев: Граѓаните гласаа за избор на Претседател на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ: Од обработени 8,21% Силјановска Давкова 66.482, Пендаровски 28.490
-
Ѓорчев: На 15% на ниво на Македонија Силјановска Давкова 43.466, Пендаровски 18.213