Македонија
5. February 2016 - 16:32

Обвинение за вработениот во МВР кој нудел 100.000 евра поткуп за лажно сведочење

Полицискиот службеник кој вршел притисок и нудел поткуп до 100.000 евра на лице кое требало лажно да сведочи за дискредитација на екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, ќе одговара кривнично.
 
Јавното обвинителство, соопшти дека против вработениот во МВР е поднесена кривична пријава за  незаконско влијание врз сведоци.
 
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција откако ги утврдило фактите покренало постапка за овој предмет.
 
Истрагата утврдила дека постои основано сомнение дека осомничениот го сторил кривичното дело што му се става на товар, односно дека со нудење поткуп влијаел на едно лице, а со цел тоа лице да се појави како сведок во постапка пред суд и да даде исказ во определена насока.
 
Надлежниот обвинител, по завршување на постапката и целосно расветлување на настанот, до Основен суд Скопје 1 го  поднел Обвинителен предлог против вработениот во МВР.
 
Инаку ова не е единствен случај во кој лица од истражните органи на Специјалното јавно обвинителство вршеле притисок врз лица кои биле дел од предметите на кои работат обвинителите на Катица Јавенав. Досега во јавноста на притисоци и уцени се пожалија и други лица. А особено загрижувачки е случајот со еден судија кои исто така го пријавил ваков случај во судскиот совет.