-->
-->
Обуки за органски фарми и бизнис планирање за земјоделците од Струмичкo
-->
Здружението Граѓански центар за одржлив развој „ЕГРИ" од Крива Паланка во партнерство со Здружението „НИЕ“ од Ќустендил, Република Бугарија во Струмица органзираше обуки за запознавање на органските производители со процесот на бизнис планирање и формирање мали органски фарми.
Обуките се организирани во серија, по оние во Североисточниот дел на Македонија и Ќустендилска област во Република Бугарија во рамки на проектот „Произведувај органски-пакувај еколошки“ .
- Обуките се информативни и се однесуваат на формирање мали органски фарми и бизнис планирање за органски производители од земјава. Учесниците покрај размена на искуства и знаења за процесите на производство, пакување и продажба на органски производи на веќе постоечките фарми, се запознаа и со процесот на производство органска храна, обука за трансформирање од традиционален во органски еко-начин на пакување производи, информира Антонио Давитковски од ЕГРИ.
На обуките учествуваа по дваесетина таргетирани учесници од Македонија и Бугарија, а предавањата ги одржаа професори и експерти од Факултетот за земјоделство и храна - Скопје и Бугарски земјоделски факултет од Софија.
Во рамки на проектот досега се направени и истражувања за условите за развој и промоција на органското производство во Североисточниот регион и Ќустендилската област во пограничниот регион Македонија-Бугарија, испечатен е и буквар „А,Б,В“ за органско производство" наменет за земјоделците-почетници во областа на органското производство, како и процесот на трансформирање од традиционален во органски еко-начин на пакување производи.
Проектот се имплементира со буџет од околу 78.000 евра во рамки на првиот повик на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка на Европската унија помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, а ќе трае до јануари следната година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан