ОБСЕ - ОДИХР започнува со активности во пресрет на локалните избори
ОБСЕ и ОДИХР будно ќе го следи изборниот процес во трката за градоначалници и членови на општинските совети.
Денеска ја почна мисијата за набљудување на локалните избори закажани за 15-ти октомври. Вкупно 336 набљудувачи ќе го мониторираат времето во предизборната кампања, денот на изборите и можните изборни спорови.
Мисијата ќе ги оценува локалните избори во однос на усогласеноста со обврските на ОБСЕ и други меѓународни стандарди за демократски избори како и со домашните закони.
Првите заклучоци за изборниот процес, мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ќе ги објави еден ден по изборите.
Претставниците на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР не ги коментираа можните проблеми околу избирачкиот список и таканаречените фантомски гласачи.
Велат дека членовите на главниот тим пристигнал денеска па дополнително ќе го анализираат единствениот избирачки список..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар