Ракомет
6. April 2016 - 23:25

Обрван го остави Дупјачанец во Скопје

Селекторот на македонската ракометна репрезентација ивица Обравн по денешниот последен тренинг во Скопје „пресече“ околу изборот на 18-те играчи кои ќе патуваат во Гдањск. Во Скопје како „прекуброен“ остана третиот голман Даниел Дупјачанец, а на негово место во однос на ЕП во Полска се најде голамнот на Бенфика Никола Митревски, кој последните неколку натпревари за својот тим брани во извонредна форма.

Претходно поради повреда на прстот изостана Филип Лазаров.
 
Во однос на ЕП нови имиња се Филип Талески и Никола Костески.
Македонската репрезентација утре наутро во 9 часот патува за Гдањск.