-->
-->
Обрван го објави списокот играчи за ЕП Полска 2016
-->
Селекторот на машката ракометна репрезентација Ивица Обрван го соопшти списокот на играчи за претстојното Европско првенство, кое во јануари 2016 година ќе се одржи во Полска. Она што е забележливо е дека меѓу голманите место избори Даниел Дупјачанец од Металург, кој имаше одлична сезона во екипата на Металург во Лигата на шампионите. На голманската позиција го нема Петар Ангелов, додека покрај Борко Ристовски се уште и Златко Даскаловски и Никола Митревски. Со исклучок на Дупјачанец сите други голмани бранат во странство.
Откако не беше во репрезентацијата претходниот месец кога и немаше клуб „повратник“ е и Наумче Мојсовски, кој во меѓувреме го облече дресот на ромаската екипа Букурешт.
На листата која е доставена во ЕХФ се наоѓаат 28 играчи и овие се во конкуренција за настап за ЕП. Според досегашното искуство на подготовките биле повикувани околу 20-тина, а право на настап на шампионатот ќе добијат 16, со тоа што се можни измени на тие 16.
Точниот термин и локација за старт на подготовките дополнително ќе биде објавен. Македонија како дел од подготовките ќе одигра два натпревара со Словенија на гости веднаш по Новогодишните празници.
Нашата репрезентација на континенталниот шампионат се наоѓа во група со Франција, Србија и домаќинот Полска. Првенството почнува на 15 јануари 2016, а Македонија своите натпревари од групата ќе ги игра во Краков.
Листа на повикани играчи:
1. Борко Ристовски
2. Даниел Дупјачанец
3. Никола Митревски
4. Златко Даскаловски
5. Дејан Манасков
6. Гоце Ојлески
7. Гоце Георгиевски
8. Бојан Маџовски
9. Мартин Велковски
10. Никола Костески
11. Стојанче Стоилов
12. Жарко Пешевски
13. Никола Маркоски
14. Филип Лазаров
15. Аце Јоновски
16. Филип Миркуловски
17. Наумче Мојсовски
18. Горан Кузмановски
19. Никола Стојчевски
20. Немања Прибак
21. Кирил Лазаров
22. Влатко Митков
23. Филип Талески
24. Филип Кузмановски
25. Милорад Кукоски
26. Велко Маркоски
27. Дарко Димитриевски
28. Стефан Дрогришки
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро
-
Интер по 20 пат шампион на Италија
-
Три години затвор за германски навивач поради фрлање петарда
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени