Македонија
21. October 2016 - 17:02

Обновливите извори на енергија и потенцијалот на Македонија за нивно искористување и иднината на паметната мобилност на градовите: Македонија 2025

Македонија има потенцијал од обновливите извори на енергија да добива  струја, но земјата треба многу да работи на тоа поле. Има сончеви денови, вода и ветер кои треба да се искористат максимално. Енергетската ефиканост повеќе да се спроведува во градежниот сектор  , затоа што таа генерира нови работни места. Ова беше констатирано на Самитот на Македонија 2025 посветен на иновациите, енергетиката и технолошкиот развој.

Бизнисите мора да се адаптираат на новите технологии. Модерните машини во производството ќе ги направата домапните производи поконкуретни на странските пазари, а ќе помогнат и за побрз екоономски раст.

Голем дел од самитот беше посветен и на загадувањето. Примената на електричните возила и воведувањето на посебен сообраќаен  беа посочени како главни мерки за намалување на загаденоста.

На дводневниот економски самит на Македонија 2025 учествуваа повеќе од 250 претставници од повеќе земји во светот.