Македонија
20. August 2017 - 21:06

ОБНОВЕНО: Се зголемува бројот на повредени во несреќата кај Велес - меѓу нив и 6 годишно дете

Поради сообраќајната незгода автопатот е затворен и создадени се колони од возила.
 
Последните неофицијални информации велат дека во несреќата кај Велес се повредени 25 лица, меѓу кои и возачот.
 
Покрај со возила на Брзата помош, повредените патници и со приватни возила биле превезувани во велешката болница и на Ургентиот центар во Скопје.
 
Меѓу повредените е и 6 годишно девојче.