Македонија
29. July 2016 - 19:33

Обновени пет фасади на стара градска архитектура во Гостивар

До 2020-та година централото подрачје на Гостивар ќе добие нов изглед со обновени фасади на сите објекти од старата градска архитектура. Изминатиот период гостиварскиот Конзерваторски Центар работеше на пет фасади кои денес ги разгледа и ги промовираше министерката за култура Елизабета Канческа Милевска. Објектите се наоѓаат на улиците „Димитар Влахов“ и „Илинденска“.

Во рамки на заштита и промоција на културното наследство на овој регион наскоро ќе се започне и со реставрација и санација на цркавата Св. Димитрија.

До крајот на годината се очекува да бидат завршени седум  објекти кои имаат статус на културно добро.