Македонија
13. April 2017 - 16:26

Обновена четвртата фасада од старата градска архитектура во Штип

Министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска денеска ги промовираше двете нови фасади, што е дел од проектот на Владата за обнова на староградската архитектура, споменици на културата во Македонија. Ова е 4-та фасада која е реставрирана, конзервирана, со обновена кровна конструкција и ставена во функција од страна на штипскиот Завод-Музеј.

-Издвоени се средства во висина од 1,4 милиони денари за обнова на оваа фасада. Станува збор за староградска фасада која што е карактеристична за Штип- изјави Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура

Министерката се осврна и на проектот за реконструкција и обнова на театарските куќи ширум земјава и најави дека годинава ќе биде заокружен ивестициониот циклус во оваа сфера.

-Ќе имаме можност да го отвориме објектот на Македонската филхармонија на 21 мај. Се планира да се заврши целосната реконструкција на албанскиот театар и театарот во Струмица- изјави  Елизабета Канческа-Милевска

Канческа – Милевска во рамки на посетата присуствуваше и на традиционалната манифестација „Шарено велигденско јајце“ во организација на Домот на културата „Ацо Шопов“.