Македонија
20. July 2017 - 14:31

Обнова на автопатската делница од преминот „Богородица“ до Гевгелија

На десната коловозна лента од автопатската делница која води од граничниот премин „Богородица“ кон Гевгелија, на влез од Грција во нашата земја, се е подготвено за почеток на работите околу нејзината реконструкција, најавија денеска од фирмата изведувач „Вијадукт трејд“.Градежните активности на патот ќе траат околу шест месеци.

Во оваа фаза, информираат, целосно ќе биде реконструиран дел од автопатот Е-75 во должина од пет километри, кој се простира од влезот во Македонија до клучкат кај Гевгелија. На оваа делница сообраќајот секогаш е интензивен, посебно сега за време на одморите, па затоа апелираат до возачите на внимателност и почитување на поставената сигнализација велат изведувачите кои најавуваат дека ќе се работи околу шест месеци.

На целата автопатна делница до клучката кај Гевгелија, двете ленти се одвоени со пластични граничници и сообраќајот е забавен затоа што се одвива само по десната лента.