Македонија
8. March 2017 - 8:13

Облачно време со врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Повеќе врнежи ќе има во западните и јужните делови каде на повеќе места се очекува да наврнат околу 20л/м2, а локално и над 30 л/м2. Во југоисточните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од четири до 12 степени.

Во Скопје  облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Помалку врнежи ќе има во четврток и петок, кога ќе дува повремено засилен северен ветер.

За време на викендот се очекува стабилизирање и затоплување на времето.