Македонија
12. January 2018 - 8:37

Облачно време со локален дожд и снег

Времето денеска ќе биде претежно облачно, со слаб локален дожд во западните и јужните делови, а на планините ќе има слаб снег. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од источен правец. Температурата ќе се движи од три до десет степени.

Во Скопје слично време со температура до седум степени.

Од сабота кон крајот на денот ќе има спуштање на постудена воздушна маса, што во следните два дена ќе услови врнежи од снег и во некои котлини, особено во северните делови. Врнежите ќе бидат со слаб, а повремено на места со умерен интензитет.