Oблачно со повремени локални врнежи од дожд - Временска за продолжениот викенд
Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Температурата ќе се движи од 16 до 21 степен.
Во Скопје претежно облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 19 степени.
За време на продолжениот празничен викенд нашата земја ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот кои ќе предизвикаат претежно облачно време со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат обилни. Во сабота и недела локално се очекува да наврнат околу 50 литри на метар квадратен воден талог, особено во западните и северните делови. Ќе дува умерен, а во недела повремено засилен југоисточен ветер.
Вo понеделник врнежите ќе бидат локализирани и со послаб интензитет, особено претпладнето.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид