Македонија
24. February 2018 - 9:08

Облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од три до 11 степени.

Во Скопје ќе биде облачно, попладне со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до девет степени.

Од недела земјава ќе ја зафати студена и влажна воздушна маса која ќе услови врнежи од снег. Во крајниот југоисток врнежите ќе бидат најпрво од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат ноќта во недела и во понеделник во текот на денот, особено во западните и јужните делови. До вторник се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог. Насекаде ќе се формира снежна покривка од околу 10 сантиметри, а на планините значително зголемување на истата (над 30 сантиметри).