Македонија
19. November 2017 - 8:59

Облачно со повремен дожд, на планините снег

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот во западните делови со повремен локален дожд, кој на планините и на некои повисоки места ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната од седум до 13.

Во Скопје слично време, облачно со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Врнежите ќе се интензивираат во текот на ноќва и ќе продолжат и утре претпладне. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе предизвика позначителен пад на температурата. Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст.