Македонија
28. December 2017 - 8:29

Облачно со повремен дожд

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите ќе започнат во западните делови каде ќе бидат поинтензивни (локално околу 20 л/м2), а до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјава. 

Температурата ќе се движи од четири до 11 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со засилен јужен ветер. 

Температурата ќе достигне до осум степени. 

Во петок ќе има слаб локален дожд, а слаб снег ќе има и на некои повисоки места во западните делови. Во деновите од викендот, како и за време на новогодишната ноќ се очекува стабилно и суво со умерен време.