Македонија
23. October 2017 - 8:26

Облачно со повремен дожд

Во Македонија под влијание на влажен и студен воздушен бран ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, (над 30 л/м2) особено во источните и југоисточните делови од земјава каде локално ќе бидат проследени и со грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен.

Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 13 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а ќе бидат и поројни, проследени и со грмежи. Температурата ќе се движи од осум до 17 степени.

Врнежите ќе продолжат и во вторник, но со намален интензитет, а на повисоките планини во северозападните делови ќе поминуваат во снег.

Во вторник и среда ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително намалување на дневната температура.

Од средa ќе има постепено намалување на облачноста, а од четврток и пораст на дневната температура.