Облачно со локални врнежи од дожд
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во утринските часови особено во северните делови од земјава се очекуваат локални врнежи од дожд. Во текот на денот врнежите ќе престануваат и облачноста ќе почне да се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од три до девет, а дневната од 13 до 19 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со слаб дожд во раните утрински часови, а преку денот ќе има намалување на облачноста и ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се сушти до четири, а дневната ќе се искачи до 16 степени.
За време на викендот времето ќе биде стабилно, суво и релативно топло за овој период од година, но по одделни котлини и по речните долини ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот се очекува да се растури.
Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на места ќе бидат и обилни. Локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.
Ново на Сител
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер