Македонија
23. February 2018 - 8:12

Облачно и суво со умерен ветер

Времето денеска ќе биде претежно облачно и суво, со умерен југоисточен ветер. Во крајните јужни и северни планински делови, особено попладне, ќе има услови за претежно слаб снег.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од пет до 11 степени.

Во Скопје слично време, облачно и суво со умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе достигне до 11 степени.

В сабота ќе биде облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, особено во западните и јужните делови. Од недела се очекуваат врнежи претежно од снег, кои само во крајниот југоисточен дел од земјава ќе бидат од дожд и снег. До вторник насекаде се очекува формирање на снежна покривка, а на планините нејзино значително зголемување.