Облачно и студено време со врнежи од дожд и снег
Времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), претежно во западните и северните делови. На планините над 1500 м.н.в. ќе има и врнежи од снег. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер (на моменти до 70 км/ч).
Утринската температура ќе се движи од шест до 15, а дневната температура од осум до 16 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд, повремено интензитетот на врнежите ќе се засилува. Ке дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од девет до 10 степени.
На планините над 1500 м.н.в. ќе има и врнежи од снег. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер (на моменти до 70 км/ч), кој ќе предизвика значително и нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 13 степени. Од недела следува период на стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот