Македонија
7. January 2016 - 8:13

Oблачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на ппланините од снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен и западен ветер, a во јужниот дел од земјава повремено ќе се засилува.

Температурата ќе се движи од два до 12 степени. 

Во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северозападен и западен ветер.

Температурaта ќе достигне до шест степени.

Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време.