Македонија
14. April 2016 - 8:40

Облачно и нестабилно: Не очекува дожд, грмежи и силен ветер

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи особено во источните делови. Ќе дува засилен повремено силен ветер од западен правец кој во западните делови на моменти ќе достигнува брзина од над 80 км/ч.

Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува засилен западен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 27 степени.

Следува период на стабилно и топло време со умерен југозападен ветер.