Македонија
16. January 2018 - 16:35

Објектите во градба од проектот ,,Скопје 2014‘‘ оставени на забот на времето

Празни зјаат објектите во градба од проектот „Скопје 2014-та“ во центарот на градот.. Со одлука на Владата нивната изградба е сопрена пред неколку месеци - градежните работници повеќе не се овде, металните конструкции за изведба на фасадата не се демонтирани а попушта и заштитната ограда.. Во офицерскиот дом е поставена и дел од скапата опрема за ладење и грееење на објектот за која во моментот не се грижи никој..

Градските власти информираат дека за безбедноста на овие објекти претходно се грижеле агенции за обезбедување или вработени во градот Скопје но таа пракса е веќе прекината..

Од оваа година заради рационализација на трошоците, чуварската служба е повлечена, а договорите со компаниите нема да се обновуваат. Ставот на новата градска администрација е дека додека не се одлучи што ќе се прави со објектите од тнр. „проект Скопје 2014“, нивното обезбедување ќе биде одговорност на полицијата, како и сите останати споменици, спомен обележја, бисти, фонтани или други објекти поставени на јавен простор, се вели во известувањето од град Скопје.

Министерството за култура, Градот Скопје и општина Центар во изминатиов период спроведуваа ревизија на спомениците и објектите од проектот Скопје 2014-та.. Според документите, биле утврдени неправилности во изведбата но засега надлежните не информираат како ќе постапуваат со спомен обележјата..

И покрај тврдењата дека повеќе не се предвидени пари за објекти од проектот Скопје 2014, во годишниот буџет на градските власти, пак се предвидени пари за одржување на фонтаните кои се надлежност на градот Скопје. Над 26 милиони денари се наменети за потрошувачка на вода и струја и нивно редовно сервисирање.

Инаку со одлука на градот Скопје, Стопирана е изградбата и на панорамското тркало.. Надлежните најавиа дека е можно веќе поставената метална конструкција да се искористи за изведба на мост.