Објавено видео од убиството на братот на Ким: Една девојка го фатила за глава, а друга му инјектирала отров!
Братот на севернокорејскиот диктатор Ким Јонг-ун преколнувал да му го поштедат животот, пренесе британски Индепендент.
Ким Јонг-нам, неодамна убиен во Малезија, на својот брат му напишал писмо 2012 година, кратко откако Јонг-ун ја презел власта по смртта на Ким Јонг-ил.
Јонг-нам го преколнувал братот да ја укине наредбата за негово убиство, раскажале јужнокорејски парламентарци запознати со случувањата.
Овие информации се појавиле кратко по апсењето на жената, која е осомничена дека му инјектирала отров на Јонг-нам на аеродромот во Куала Лумпур. Тој тогаш се подготвувал за лет кон Макао, каде веќе живеел со години.
Ли Бјунг-хо, шеф на јужнокорејската разузнавачка агенција, им рекол на шефовите во парламентот дека разузнавачите во Северна Кореја веќе со години планирале напади и убиство на братот на севернокорејскиот диктатор.
„Тоа беше наредба која мораше да се изврши, без оглед на се. Нивните разузнавачи постојано се подготвуваа за убиство и конечно успеаја во тоа“, рекол Бјунг-хо.
Ким Бјунг-ки, шеф на парламентарниот одбор за разузнавачки служби, раскажал дека Јонг-нам преживеал обид за атентат пред пет години.
„Во април 2012 година Ким Јонг-нам испратил писмо до Ким Јонг-ун во кое преколнувал за милост. Зборувал дека сите знаат дека единствен излез од стравот било самоубиство“, раскажал Бјунг-ки.
Малезиската полиција објави дека уапсени се двете агентки кои го убиле Јонг-нам. Една имала виетнамски пасош на име Доан Ти Хуонг, а другата имала пасош издаден во Индонезија на име Сити Аишах.
Јонг-нам патувал со лажен пасош на име Ким Кол. Набрзо по смртта на Јонг-нам покрената е и обдукција. Се уште не се објавени резултати, но се претпоставува дека Јонг-нам умрел отако му бил инјектиран отров во лицето.
Последниве години Јонг-нам се криел во Макао каде живеел со сопругата и двете деца. Веќе подолго време е познат како остар критичар на режимот на својот брат и најавувал распад на Северна Кореја.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени
-
ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови
-
Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг
-
Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година
-
Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
-
Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово