Свет
14. August 2016 - 9:01

Објавени хакирани податоци за членовите на Конгресот на САД

Хакерот, кој ја презеде одговорноста за упадите во интернет податоците на две организации на американската Демократска партија, објави мејл адреси, телефонски и други лични податоци за речиси 200 законодавци.

Хакерот, кој себе си се нарекува „Гусифер 2.0“ објави на својот сајт Вордпрес контакт листа со податоци за 194 поранешни и сегашни членови на Конгресот, како и листи на податоци со лозинки.

„Гусифер 2“ смета дека американските претседстелски избори станале фарса.