Македонија
31. August 2017 - 10:44

Објавена „Пораки за животот“ од академик Нада Поп-Јорданова

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат книгата „Пораки за животот, здравјето, проблемите...“ од акадедмик Нада Поп- Јорданова.

На страниците од своето најново дело познатата авторка како долгогодишен педагог и истражувач пишува за теми сврзани со здравјето на децата, младите и старите луѓе.

Академи Нада Поп-Јорданова работниот век го помина како професор по медицина, медицинска психологија и етика, невропсихологија и развојна психологија на Клиниката за детски болести во Скопје. Автор е на тринаесет книги од областа на медицината, како и на бројни статии објавени на повеќе странски јазици. Член е на Светската, на Европската и на Њујоршката академија за наука, а за редовен член на МАНУ е избрана во 2012 година.

За својата долгогодишна педагошка и научна дејност добитник е на национални и меѓународни признанија.