Објавена листата најуспешни музичари во историјата, еве кој е на врвот
Според листата на американскиот портал „Бизнис инсајдер“, Битлси се без конкуренција најпродавана музичка група со 178 милиони продадени албуми.
Зад групата од Ливерпул се најде американскиот кантавтор Гарт Брукс, со 148 милиони продадени албуми, додека трет е Кралот - Елвис Присли - со 136 милиони албуми.
Уште еден британски бенд, Лед Зепелин, се најдоа на четврото место со 111,5 милиони албуми, по што следат Иглс со 101 милион и Били Џоел со 82,5 милиони продадени албуми.
Кралот на попот Мајкл Џексон има продадени 81 милиони албуми, а Елтон Џон е седми со 78 милиони. Солидниот успех на Британците на листата на Бизнис Инсајдер продолжува со Пинк Флојд и нивните 75 милиони продадени албуми, по што следат Еј-Си/Ди-Си со 72 милиони.
Кантри музичарот Џорџ Стрејт е 11. на листата, пред Барбара Стрејсенд, Ролинг Стоунс, Аеросмит, Брус Спрингстин и Мадона. Поп дивите Мараја Кери и Витни Хјустон се на 17 и 19 место, додека металците Металика и Ван Хејлен се на 18 и 20 место на најуспешните групи и музичари на сите времиња.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација