Свет
22. March 2017 - 21:48

Објавена фотографија од осомничениот напаѓач во Лондон

Британскиот весник „Гардијан“ објави фотографија од осомничениот за нападот пред Парламент во Лондон.

На фотографијата се гледа како здравствени работници му пружаат помош на осомничениот напаѓач, кој е на носила.

Во меѓувреме, британската министерка за внатрешни работи Ембер Рад изјави дека безбедноста на британскиот народ е приоритет на Владата.

- Главен приоритет на Владата е безбедноста на нејзиниот народ. Британскиот народ ќе биде обединет за заеднички да ги порази они кои сакаат да ги повредат вредностите кои ги делиме: вредностите на демократијата, толеранцијата и владеење на законот, посочи Рад.

Во нападот загинаа четири лица, а 20 се повредени. Меѓу загинатите е и напаѓачот и еден полицаец.