Бизнис
21. September 2016 - 20:08

Објавен тендерот за изградба на експресниот пат Прилеп - Градско

Почнуваат актинвостите за изградба и на втората делница од експресниот пат Градско – Прилеп. Денеска е објавен тендерот за избор на изведувач во соработка со Европската Унија.

Првата делница за новиот пат е во градба. Таа е со должина од 10 киломтри на потегот од Фариш до Дреновска Клисура, а ја гради шпанска компанија. Изгрдбата на овој најсложен дел од новиот пат чини 31,8 милиони евра и треба да биде готов за две години.

Втората делница за која денеска е објавен тендерот се однесува на потегот од Градско преку Росоман до клучката за Кавадарци.

- Зборуваме за 15-километарско поврзување од Прилеп кон Градско, значи дополнување на експресниот пат, инвестиција којашто е многу важна за Република Македонија затоа што целата инвестиција би изнесувала преку 80 милиони евра. Што значи дека вториот сегмент заедно со Европската унија која го распишува тендерот е многу добар мотив за нас да продолжиме понатаму и во процедурите за третиот дел од етапата Градско – Прилеп“, изјави министерот за транспорт Владо Мисајловски.

Оваа делница треба да почне да се гради во првата половина од 2017 година.

Третата фаза од изградбата на експресниот пат е од месноста Тројанци до влезот во Прилеп со должина од 7,5 киломтри.

Според проектот,  новиот пат ќе биде на ниво на автопат,  со широчина од 12,4 метри, со по две ленти од по двете страни. Ќе ги поврзе Прилеп и Битола со Коридорот 10 што ќе значи побрзо и поедноставно патување за граѓаните од пелагонискиот регион.