Бизнис
14. December 2015 - 19:54

Објавен оглас за распределба на социјални станови во Ресен

Социјално најранливите категории од Ресен можат да аплицираат за добивање на социјален стан под закуп. Огласт е веќе објавен, а ќе бидат распределени  18 вакви станови.

Предност при добвање стан ќе имаат децата без родители, односно лица над 18 години кои до своето полнолетство биле згрижени во институции.

Други категории кои можат да аплицираат се корисцници на социјална помош или постојана парична помош, лица погодени од елементарни  природни непогоди, инвалидни и лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице, припадници од ромска заедница кои се социјално згрижени, самохрани родители со малолетни деца и слепи лица корисцници на социјална помош.

Становите кои ќе бидат доделени се со големина до 55 квадратни метри. Цената за закуп  зависи од големината на станот и се движи од 600 до 1000 денари месечно.

Досега државата има изградено  670 вакви станови во 13 оптшини. Во тек е градба на уште два  објекта во Кочани со 43 стана и во Македонски брод со 10 стана.