Македонија
25. May 2016 - 19:48

Oбјавен оглас за изградба на втората фаза од пругата кон Бугарија

Распишан е огласот за втората фаза од железницата долж Коридорот 8 која ќе ги поврзе Бугарија, Македонија и Албанија и е еден од стратешки важните инфраструктурни проекти на земјава.

Втората делница од Бељаковци до Крива Паланка со вкупна должина на главните колосеци од 34 килоемтри, како и со 5,5 километри станични колосеци. Според проектот на австриската компанија Обермаер пругата ќе има 29 мостови, 15 тунели, 10 перони, и повеќе пристапни патишта, надовозцни, подвозници и потпорни ѕидови. Ќе има две железнички станици, во Кратово и Гиновци, и три стојалишта, во Шопско Рударе, Крилатице и Псача.

Проектот вреди 145 милиони евра и се финансира со кредит од Европската банка за обнова и развој каде е и објавен меѓународната покана за преквалификација на заинтересираните компаниии.

Како што соопштија од Македонски Железници Инфраструктура, целата делница ќе биде опремена со најсовремени телекомуникациски и сигнални врски со што безбедноста во сообраќајот би била на највисоко ниво. Согласно планот најповоплниот понудувач за изградба треба да се избере дпред крајот на годината, а изградбата да заврши за 40 месеци.

Во реконструкцијата на првата делница на пругата, од Куманово до Бељаковце, беа вложени  45 милиони евра. Во третата фаза железницата треба да се изгради од Крива Паланка до бугарската граница.