Спорт плус
15. April 2016 - 11:41

Објавен конкурсот за државната награда „8 Септември“ во областа на спортот

 
Агенцијата за млади и спорт во соработка со Националните Спортски Федерации, го објави конкурсот за доделување на државната награда „8 Септември“ во областа на спортот за 2016 година. 
 
Со државната наградата „8 Септември” се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот.
 
Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план.
 
Со награда за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план се оддава признание на тренери (селектори и тренери) и спортски работници заради промовирање на Република Македонија во светот со остварени високи спортски резултати во меѓународниот спорт со кои се дава исклучителен придонес за развој на спортот во Република Македонија.
 
Паричниот износ на државната награда „8 Септември” изнесува десет (10) просечни месечни плати во исплатени во последните три месеци во тековната година, додека за наградениот за животно дело покрај плакетата ќе му бидре доделен ќе се стекне и со доживотна месечна исплата на една просечна плата исплатена во последните три месеца на тековната година.
 
Подносителите на иницијатива за доделување на државната награда треба ќе треба детално да ја образложат иницијативата, а својата биограбија да ја достават до Агенција за млади и спорт, односно Одбор за доделување на државната награда „8 Септември“, најдоцна до до 20 мај 2016 година.