Балкан
18. July 2017 - 19:36

Обилните врнежи предизвикаа хаос во Истанбул

Во Истанбул за еден час наврнаа 50 литри дожд на еден метар квадратен.

Поројните врнежи ги поплавија патиштата и многу квартови од градот. Поројни води ги прекрија квартовите Ускудар, Малтепе, Картал, и Пендик, поплавувајќи куќи, канцеларии и возила.

Истанбул буквално е заробен од поројните дождови. Во двата дела на градот течат реки по улиците. Телевизиите емитуваат сними на луѓе кои пловат или се обидуваат да минат преку водите што течат како реки. По улиците во двата дела од градот неконтролирано пловат и автомобили.