-->
-->
Обилни дождови предизвикаа големи поплави во Албанија
-->
Обилни дождови предизвикаа големи поплави во Албанија, додека свлечиштата оштетија голем број патишта, соопштија денеска албанските власти.
Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува дека околу 2.800 хектари земјоделско земјиште и пасишта на северозападниот дел од земјата се поплавени.
Поради обилните дождови три хидроелектрани на северот на земјата морале да го испуштат вишокот на вода, по што нивото на голем број реки, вклучувајќи ја и Дрим, пораснало.
Поедини рурални подрачја се без струја, додека неколку куќи и голем број патишта на истокот и југот на земјата се оштетени од свлечишта.
Според метеоролозите, дождот би требало да престане во наредните неколку дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите