Обилен снег на дел од патиштата, забрана за автомобили преку „Буково“
Забрана за движење на планинскиот превој „Буково“, покрај за тешки товарни возила, е воведена и за патнички моторни возила. Поради обилните снежни врнежи, МВР апелира на магистралните патишта Охрид-Кичево и Охрид-Ресен да се вози при исклучителна нужност за да се избегнат евентуални несакани последици.
СВР Охрид, укажува Министерството, презема засилени мерки за безбедност и контрола на сообраќајот и спроведува мерки за забрана на движење на тешки товарни возила кон планинските премини „Пресека“, „Буково“ и кон граничниот премин „Ќафасан“.
Поставени се сообраќајни контролни пунктови кај „Подмолје“ на магистралниот пат Охрид-Кичево и кај „Емо“ во близина на село Косел на магистралниот пат Охрид-Ресен.
- На тие патни правци не се дозволува движење на тешки товарни возила, а посебно напоменуваме забраната за движење се однесува и на патничките моторни возила. Поради тоа, а со цел избегнување несакани последици, апелираме на исклучива нужност во користењето на патничките автомобили, а кон спомните патни правци и целосно почитување на важечките забрани за движење на тешките и други моторни возила и секако почитување на инструкциите и насоките на полициските службеници кои се на терен, соопшти МВР.
Како што потсетува, за сите моторни возила неопходно е носење и користење зимска опрема.
Ново на Сител
-
Фриленсерството во Македонија - Предности и маани
-
Започна церемонијата за потпишување на Кодекс за фер и демократски парламентрани избори
-
Специјализантите незадоволни продолжуваат со штрајкот
-
100 болни и изнемоштени лица во Штип се пријавиле за гласање во домашни услови
-
Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска
-
Преглед на вестите од светот
-
Меѓаши: Сериозно е нарушена психолошка состојба на децата
-
Со исказ на сведоци денеска продолжи судењето за Пендиков