Македонија
21. March 2017 - 14:14

Обид за убиство во позната македонска кафеана

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М. (34) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ и против Р.М. (32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во тепачка“. На 19.03.2017 година околу 23.30 часот, на ул. „Браќа Миладинови“ во Тетово, во локална кафеана, дошло до вербална расправија помеѓу пријавените и И.К. (30) и И.К. (26), двајцата од Тетово, поради недолично и агресивно однесување на И.К. (26) врз присутните во објектот. По ова, истите излегле надвор каде настанала тепачка во која И.К. (26) извадил нож со кој замавнал неколку пати кон пријавените. Кога М.М. успеал да го одземе ножот им задал по неколку удари на И.К.(26) и И.К. (30) во пределот на грбот и вратот, нанесувајќи им телесни повреди. Поради сериозноста на повредите, И.К.(30) веднаш бил пренесен во Ургентен Центар Скопје каде е задржан на понатамошно лекување.