Македонија
18. March 2018 - 10:20

Обид за хакирање на сајтот на руската Централна изборна комисија

 Сајтот на руската Централна избирачка комисија бил под хакерски напад од ај-пи адреси од 15 држави. Тоа го изјави претседателката на ЦИК, Ела Памфилова.

Таа рече дека денеска меѓу два и пет часот ноќеска бил регистриран напад врз сајтот на Комисијата.

Пикот бил во 2:20 по московско време.

- Изворите на нападот биле од 15 држави, нагласи Памфилова и прецизира дека биле нападнати и низа медиуми.