Бизнис
9. February 2017 - 19:50

Обезбедени 10 милиони евра за поволни кредити за мали и средни фирми

Кредити во вредност од 10 милиони евра достапни за малите и средни претпријатија.  ЕК и уште неколку финансиски институции се гаранти за  фирмите да дојдат до свеж капитал преку Про кредит банка.  Максималната вредност на кредитите е 500 000 евра. . Хипотеката е за 60 отсто помала  во однос на стандардните кредити. Рочноста е 10 години а  каматната стапка е за 0,25 отсто пониска.

Како што посочи вицепремиерот Пешевски со овие средства ќе подобри конкурентноста на фирмите и ќе се отворат нови работни места.

Според анализата  на ЕИФ малите и средни фирми имаат најголема потреба од кредити.

Надлежните информираа дека веќе има интерес од компаниите за искористување на овие средства. Околу 2 милиони евра се во процес на обработка.