Свет
16. January 2016 - 10:17

Обама во телефонски разговор со мексиканскиот претседател го поздрави апсењето на Ел Чапо

Претседателот на САД Барак Обама во телефонски разговор со мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието го поздрави минатонеделното апсење на нарко босот Хоакин Гусман, познат како Ел Чапо, соопшти Белата куќа.

Двајцата претседатели, исто така, разговарале и за безбедносни и економски прашања и изразиле согласност дека е важно да се преземат мерки за придвижување на трговскиот договор за Транс-тихоокеанско партнтерство, се наведува во соопштението на Белата куќа.