Свет
18. January 2017 - 19:39

Обама ја намали затворската казна на Менинг, Асанж е на потег

Претседателот на САД  Обама ја скрати казната  на Челси Менинг, осудена на 35 години затвор за шпионажа  по предавањето на довелриви  документи од американското разузнување  на веб страницата Викиликс  . Челси Менинг, родена како Бредли Менинг, 29-годишна трансексуалка и екс војник , ќе биде ослободена на 17 мај. Зад решетки  помина 7 години. Неодамна, Џулијан Асанж основачот на викиликс  изјави дека  доколку Обама  ја помилува Менинг, тој ќе ја напушти еквадорската амбасада во Лондон, каде што доби азил, и ќе се предаде  на САД.  Против Асанж се води  и судски спор  во  Шведска за сексуален напад.