Свет
24. May 2016 - 16:54

Обама го потпиша Законот со кој се укинуваат сите навредливи називи за малцинствата

Американскиот претседател Барак Обама го потпиша Законот, со кој од федералните закони се исфрлуваат застарените и навредливи термини, кои се однесуваат на припадниците на малцинствата, соопшти денеска Белата куќа. 

Обама Законот го потпиша во петокот, откако беше усвоен од двата дома на Конгресот. 

Со Законот е предвидено навредливите називи за црнците и Азијците, кои се содржани во законите од ’70-те години на минатиот век, да бидат заменети со „Афроамериканец“ и „Американец со азиско потекло“. 

Во иднина исто така ќе се користат термините „Американски староседелец“, наместо Индијанец, потоа „Староседелец од Хаваи“, „Жител на пацифичките острови“, „Староседелец на Алјаска“.