Обама бара САД следната година да примат 10.000 сириски бегалци
Американскиот претседател Барак Обама денеска им соопштил на своите советници дека сака САД следната буџетска година, што почнува на 1 октомври, да примат 10.000 сириски бегалци, информира Белата куќа.
Од избувнувањето на граѓанската војна во Сирија, пред четири години, САД досега прифатиле само околу 1.500 Сиријци, пренесоа американските медиуми.
Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест изјави дека износот од околу четири милијарди долари, колку американската администрација обезбеди за агенциите за хуманитарна помош и за другите сродни организации, е најефикасниот начин САД да помогнат во разрешувањето на хуманитарната криза во Европа.
Ернест додаде дека претседателот Обама одлучил дека прифатот на поголем број бегалци во САД ќе придонесе за подобра реакција на оваа земја кон кризата на Блискиот Исток, од каде десетици илјади лица бегаат од војната кон сигурноста на Европа.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри