Џет-Сет
21. July 2017 - 12:17

О Џеј Симпсон фатен како мастурбира во затворот, ќе излезе од таму дури во октомври

Поранешната НФЛ ѕвезда и актер О Џеј Симпсон (70) ќе биде порано пуштен од затвор, но откако бил фатен како се самозадоволува во ќелијата, тоа ќе се случи дури во октомври.

Мастурбацијата е инаку строго забранета во американските затвори.

Ѕвездата на американскиот фудбал, О. Џ. Симпсон (70) се здоби со право на условно ослободување од затвор, откако одлежа девет години за вооружен грабеж. Комисијата за предвремено ослободување во Карсон Сити одлучи дека тој може да излезе од затвор во октомври.

Во 2007, тој заедно со свој пријател обиле хотелска соба во Лас Вегас, му се заканувале со пиштол на колекционер на спортски трофеи, и го ограбиле. Симпсон за тоа, наредната 2008 година беше осуден на 33 години затвор. На судењето , Симпсон се правдаше дека не станува збор за грабеж, затоа што тоа биле негови лични трофеи што тој дошол да си ги врати, но судот не го прифати ваквото објаснување, па за двете кривични дела му определи максимална затворска казна.

Во случајот со грабежот во Лас Вегас, подоцна се утврди дека Симпсон бил во право кога тврдеше дека спортските трофеи што ги има одземено од хотелската соба,  биле негови, па казната ја издржуваше во затвор со средно определена безбедност, но таа не  беше намалена.

Претходно, во 1994, тој беше ослободен од обвинението за двојно убиство, коешто го привлече вниманието на цел свет. Имено, Симпсон беше обвинет дека ја убил сопругата Никол Браун и нејзиниот пријател Рон Голдмен.

Во 1997 пензионираниот спортист повторно се соочи со проблеми со законот, па мораше да плати казна од 33,5 милиони долари, по тужба од роднини на Голдмен.

На сослушувањето пред Комисијата, Симпсон одржа емотивен говор околу тоа дека во деветте години минати в затвор, тој си ги осознал грешките и дека сака остатокот од животот да го мине со роднините и со своите четирите деца. Комисијата притоа, земајќи го предвид и неговото добро поведение во затворот, одлучи дека тој претставува минимален ризик за јавната безбедност и може да биде пуштен условно.

Досегашните девет години се минималната казна, којашто беше потребна за да се разгледа неговата молба за предвремено пуштен на слобода.  

По соопштувањето на одлуката на Комисијата за жалби во Невада, Симпсон, кој сега има 70 години, рекол- јас своето го отслужив.